Втзакон. (5 Moj.) 1:22-28 MKB

22 Тогаш сите дојдовте кон мене и рековте: ‘Да испратиме пред себе луѓе за да ја согледаат земјата и за да ни јават за патот по кој ќе одиме и за градовите во кои ќе дојдеме.’

23 Ми се видоа добри зборовите што ги рековте. Затоа зедов дванаесет луѓе од меѓу вас, по еден од секое племе.

24 Тргнаа кон гората, стигнаа до Есхолската Долина па го извидија крајот.

25 И набраа плодови од онаа земја, ги донесоа кај нас и јавија: ‘Земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог, е добра.’

26 Ама вие не сакавте натаму; се побунивте против наредбите на Господа, својот Бог.

27 Викавте во своите шатори и велевте: ‘Во својата омраза кон нас, Господ нè изведе од Египетската Земја за да нè предаде во рацете на Аморејците, за да нè уништат.

28 Каде да одиме? Нашите браќа нè обесхрабрија, кога рекоа: „Народот е и поголем и посилен отколку ние; градовите се големи и нивните ѕидови стигаат до небесата. А видовме таму и Енакови потомци.”‘