Втзакон. (5 Moj.) 1:31-37 MKB

31 Освен тоа, виде и во пустината, каде Господ, твојот Бог, за време на целиот пат што го поминавте додека не стигнавте на ова место, ве носеше како што човек го носи своето синче.’

32 Но, и покрај тоа, вие не Му поверувавте на Господа, својот Бог,

33 во Оној, Кој, при патувањето, одеше пред вас за да ви побара место за оптегање на шаторите - цела ноќ во оган за да ви го осветлува патот по кој ќе одите, а цел ден во облак.”

34 „Господ ја чу вашата врева и се заколна во Својот гнев:

35 ‘Ниеден единствен од овие луѓе, од ова опако поколение, не ќе ја види оваа добра земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци.

36 Освен Халев, синот Ефониев. Тој ќе ја види; нему и на неговите потомци ќе им ја дадам земјата низ која одеше, зашто верно го следеше Господа.’

37 Заради вас Господ се налути и на мене па ми рече: ‘Ни ти нема да влезеш онаму.