5 значи од онаа страна на Јордан, во Моавската Земја, Мојсеј почна да го кажува овој Закон, и рече:
6 „Господ, нашиот Бог, ни рече на Хорив: ‘Доста престојувавте на оваа гора.
7 Тргнете на пат! Отидете во планинскиот крај на Аморејците и на сите нивни соседи, во Араб, во Горјето, во Долините и во Негев, на морскиот брег, и во Ханаанската Земја и во Ливан, сè до Големата Река, до реката Еуфрат.
8 Ете, пред вас ја ставам оваа земја. И така, отидете и заземете ја земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив.’
9 Тогаш ви реков: ‘Не можам да ве водам сам.
10 Господ, вашиот Бог, толку ве размножи што денес ве има колку и ѕвезди на небото.
11 Господ, вашиот Бог, нека ве умножи уште илјадапати! Нека ве благословува како што вети!