8 Ете, пред вас ја ставам оваа земја. И така, отидете и заземете ја земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив.’
9 Тогаш ви реков: ‘Не можам да ве водам сам.
10 Господ, вашиот Бог, толку ве размножи што денес ве има колку и ѕвезди на небото.
11 Господ, вашиот Бог, нека ве умножи уште илјадапати! Нека ве благословува како што вети!
12 Ама, како би можел јас да го носам сам вашиот товар, вашето бреме и вашите спорови?
13 Заради тоа изберете од вашите племиња умни, искусни и угледни луѓе, за да ви ги поставам за главатари.’
14 Вие ми одговоривте: ‘Добро е тоа што го предлагаш.’