14 Времето што го поминавме одејќи од Кадис-Варниј па додека поминавме преку потокот Заред, изнесуваше триесет и осум години - сè додека не изумре во логорот сето она поколение на луѓето способни за борба, како што Господ и им се заколна.
15 И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”
16 „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,
17 Господ им рече:
18 ‘Денес го преминуваш моавскиот предел Ар.
19 А тогаш ќе им се приближиш на Амонците. Не ги вознемирувај ниту зафаќај бој со нив. Имено, ништо од земјата на Амонците нема да ти отстапам тебе во наследство, зашто веќе ја предадов во сопственост на Лотовите потомци.’
20 (И неа ја сметаат за рефаимска земја. Во неа порано живееја Рефаимите, кои Амонците ги викаа Замзуми.