15 И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”
16 „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,
17 Господ им рече:
18 ‘Денес го преминуваш моавскиот предел Ар.
19 А тогаш ќе им се приближиш на Амонците. Не ги вознемирувај ниту зафаќај бој со нив. Имено, ништо од земјата на Амонците нема да ти отстапам тебе во наследство, зашто веќе ја предадов во сопственост на Лотовите потомци.’
20 (И неа ја сметаат за рефаимска земја. Во неа порано живееја Рефаимите, кои Амонците ги викаа Замзуми.
21 Тоа беше силен и многуброен народ; со крупен раст како и Енаковите синови. Но Господ ги уништи пред Амонците - кои ги избркаа и се населија на нивното место,