Втзакон. (5 Moj.) 2:2-8 MKB

2 И Господ ми рече:

3 ‘Доста се вртевте околу оваа гора. Завртете кон север!

4 И на народот наложи му вака: „Сега ќе поминете преку подрачјето на своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир. Тие се бојат од вас; ама и вие припазете добро;

5 не зафаќајте бој со нив, зашто нема да ви дадам ни стапка од нивната земја: гората Сир му ја дадов на Исава во наследство.

6 Купувајте од нив храна, со платежни средства, за да имате што да јадете; и водата за пиење купувајте ја од нив со платежни средства.

7 Па Господ, твојот Бог, те благослови во сите дела на твоите раце; Тој бдееше над твоите патувања низ оваа голема пустина; овие четириесет години Господ, твојот Бог, беше со тебе и ништо не ти недостасуваше.”‘

8 Така, своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир, ги заобиколивме по патот што води во Араб, Елат и во Есион-Гавер, а тогаш се запативме кон Моавската Пустина.