22 како што, впрочем, им направи и на Исавовите потомци, кои се населени во Сир, кога ги уништи пред нив Хорејците, што тие ги истераа од недвижниот имот и живеат на нивните места до денес.
23 И Авејците, кои живееја во селцата сè до Газа, беа истребени од Кафторците, кои излегоа од Кафтор и се населија на нивното место.)
24 ‘Станете! Тргнете на пат и преминете преку потокот Арнон. Ете, ти ги предавам во рацете на Амореецот Сион, есевонскиот цар, и неговата земја. Почни со освојувањето; предизвикај го на бој!
25 Од денес почнувам да сеам страв и трепет пред тебе во народите, кои се под сите небеса, така што ќе треперат и ќе се тресат пред тебе кога ќе чујат глас за тебе.’”
26 „Тогаш испратив, од пустината Кедемот, гласници при есевонскиот цар Сион со мирољубиви зборови:
27 ‘Пушти ме да поминеме преку твојата земја. Само ќе поминам по патот, не свртувајќи ни десно ни лево.
28 Продај ми храна за сребреници за да можам да јадам; и вода за пиење давај ми за сребреници. Пушти ме само да поминам пеш,