Втзакон. (5 Moj.) 2:25-31 MKB

25 Од денес почнувам да сеам страв и трепет пред тебе во народите, кои се под сите небеса, така што ќе треперат и ќе се тресат пред тебе кога ќе чујат глас за тебе.’”

26 „Тогаш испратив, од пустината Кедемот, гласници при есевонскиот цар Сион со мирољубиви зборови:

27 ‘Пушти ме да поминеме преку твојата земја. Само ќе поминам по патот, не свртувајќи ни десно ни лево.

28 Продај ми храна за сребреници за да можам да јадам; и вода за пиење давај ми за сребреници. Пушти ме само да поминам пеш,

29 да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог - како што ми дозволија Исавовите потомци, настанети во Сир, и Моавците, кои живеат во Ар.’

30 Ама есевонскиот цар Сион не сакаше да нè пушти преку своето; зашто Господ, твојот Бог, му го заслепи духот, а срцето му го закорави, за да го предаде во твоите раце.

31 Тогаш Господ ми рече: ‘Ете почнав да ти ги предавам Сион и неговата земја. Почни со освојувањето за да загосподариш со неговата земја.’