29 да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог - како што ми дозволија Исавовите потомци, настанети во Сир, и Моавците, кои живеат во Ар.’
30 Ама есевонскиот цар Сион не сакаше да нè пушти преку своето; зашто Господ, твојот Бог, му го заслепи духот, а срцето му го закорави, за да го предаде во твоите раце.
31 Тогаш Господ ми рече: ‘Ете почнав да ти ги предавам Сион и неговата земја. Почни со освојувањето за да загосподариш со неговата земја.’
32 Сион нè пресретна при Јаса.
33 Тој се нафрли и сиот негов народ. Но Господ, нашиот Бог, ни го предаде, така што ги поразивме него, неговите синови и сиот негов народ.
34 Тогаш ги освоивме сите негови градови и ги предадовме на проклетство сите негови градови со мажите, жените и децата, не штедејќи ништо,
35 освен добитокот, што го зедовме како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.