34 Тогаш ги освоивме сите негови градови и ги предадовме на проклетство сите негови градови со мажите, жените и децата, не штедејќи ништо,
35 освен добитокот, што го зедовме како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.
36 Од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во неговата долина, па до Галад немаше град што би ни се спротивил: Господ, нашиот Бог, ни ги предаде сите.
37 Единствено не се доближувавме кон земјата на Амонците, кон крајот покрај потокот Јавок, и кон градовите во подгорјето, како што одреди Господ, нашиот Бог.”