Втзакон. (5 Moj.) 2:7-13 MKB

7 Па Господ, твојот Бог, те благослови во сите дела на твоите раце; Тој бдееше над твоите патувања низ оваа голема пустина; овие четириесет години Господ, твојот Бог, беше со тебе и ништо не ти недостасуваше.”‘

8 Така, своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир, ги заобиколивме по патот што води во Араб, Елат и во Есион-Гавер, а тогаш се запативме кон Моавската Пустина.

9 Тогаш Господ ми рече: ‘Не ги вознемирувај Моавците ниту војувај со нив, зашто ништо од нивната земја нема да ти дадам во твое наследство: на Лотовите синови им го предадов Ар во сопственост.’

10 (Порано таму живееја Омините. Беше тоа силен и броен народ; со крупен раст како и Енаковците.

11 Како Енаковците, и нив ги сметаат за Енакимци, ама Моавците ги наречуваат Емими.

12 Исто така во Сир живееја порано Хорејците, ама Исавовите потомци ги истераа, ги истребија, и се населија на нивното место, како што направи и Израел со земјата - со своето наследство - што Господ му ја предаде.)

13 ‘А сега станете и преминете преку потокот Заред!’ И поминавме преку потокот Заред.