Втзакон. (5 Moj.) 21:1-7 MKB

1 „Ако во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, за да ја земеш во сопственост, се најде некој убиен како лежи во полето - а не се знае кој го убил -

2 тогаш нека отидат твоите старешини и судии и нека ја измерат оддалеченоста од убиениот до градовите наоколу.

3 Така ќе утврдат кој град е најблизу до убиениот. Тогаш старешините на тој град нека земат јуница што уште не работела: што уште не влекла под јарем.

4 Потоа старешините на оној град нека ја отераат јуницата во некој непресушлив поток, на место што не се обработува и што не се сее, и таму, при потокот, нека ја заколат јуницата.

5 Потоа нека дојдат свештениците, Левиевите потомци. Зашто нив ги одбра Господ, твојот Бог, за да Му служат и за да благословуваат во Господово име; и според нивниот збор се решава секој спор и секое насилство.

6 Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница.

7 Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е.