Втзакон. (5 Moj.) 21:11-17 MKB

11 ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена.

12 Доведи ја во својата куќа, па нека ја избричи главата, нека ги потсече ноктите,

13 и нека ја отфрли облеката во која беше заробена. Нека помине цел месец во твојот дом, оплакувајќи ги татка си и мајка си. Потоа можеш да и пристапиш како маж, и нека ти стане жена.

14 Ако потоа не ти биде по волја, пушти ја каде што и е мило. Не смееш да ја продадеш за сребреници, ниту да постапуваш со неа како со робинка, зашто ти беше жена.”

15 „Ако некој човек има две жени: една што му е мила, а другата што му е немила, па милата и немилата му родат синови, ама првороденецот е од онаа што не му е возљубена,

16 тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец,

17 туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”