Втзакон. (5 Moj.) 21:17-23 MKB

17 туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”

18 „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -

19 неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,

20 и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’

21 Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.”

22 „Ако некој направи зло што заслужува смрт, па биде погубен со бесење на дрво,

23 неговото мртво тело нека не остане на дрвото преку ноќта, туку погреби го во истиот ден, зашто обесениот е Божјо проклетство. Така нема да ја извалкаш својата земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.”