Втзакон. (5 Moj.) 21:4-10 MKB

4 Потоа старешините на оној град нека ја отераат јуницата во некој непресушлив поток, на место што не се обработува и што не се сее, и таму, при потокот, нека ја заколат јуницата.

5 Потоа нека дојдат свештениците, Левиевите потомци. Зашто нив ги одбра Господ, твојот Бог, за да Му служат и за да благословуваат во Господово име; и според нивниот збор се решава секој спор и секое насилство.

6 Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница.

7 Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е.

8 Закрили го, Господи, Својот народ Израел, што го ослободи; не дозволувај да се пролева невина крв во твојот Израелски народ!’ Така ќе биде заштитен од крвта.

9 А ти ќе го отстраниш пролевањето на невина крв од својата средина ако направиш што е право во Господовите очи.”

10 „Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш,