Втзакон. (5 Moj.) 21:5-11 MKB

5 Потоа нека дојдат свештениците, Левиевите потомци. Зашто нив ги одбра Господ, твојот Бог, за да Му служат и за да благословуваат во Господово име; и според нивниот збор се решава секој спор и секое насилство.

6 Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница.

7 Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е.

8 Закрили го, Господи, Својот народ Израел, што го ослободи; не дозволувај да се пролева невина крв во твојот Израелски народ!’ Така ќе биде заштитен од крвта.

9 А ти ќе го отстраниш пролевањето на невина крв од својата средина ако направиш што е право во Господовите очи.”

10 „Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш,

11 ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена.