6 Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница.
7 Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е.
8 Закрили го, Господи, Својот народ Израел, што го ослободи; не дозволувај да се пролева невина крв во твојот Израелски народ!’ Така ќе биде заштитен од крвта.
9 А ти ќе го отстраниш пролевањето на невина крв од својата средина ако направиш што е право во Господовите очи.”
10 „Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш,
11 ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена.
12 Доведи ја во својата куќа, па нека ја избричи главата, нека ги потсече ноктите,