11 Не облекувај се во ткаенина исткана заедно од волна и лен.
12 Направи реси на четирите краишта на наметката со која се наметнуваш.”
13 Ако некој маж земе жена и влезе при неа, но ја замрази потоа,
14 и припише неубавини и ја озлогласи, велејќи: ‘Се оженив со неа ама кога и пристапив, не ги најдов во неа знаците на девственоста’,
15 тогаш таткото и мајката на девојката нека го земат доказот на девственоста на девојката, па нека го изнесат пред градските старешини при вратата.
16 Потоа таткото на девојката нека им проговори на градските старешини: ‘На овој човек му ја дадов ќерка си за жена, ама ја замрази.
17 Затоа и припишува сè што е грдо и тврди: „Не ги најдов во твојата ќерка белезите на девственоста.” Но еве ги девствените знаци на мојата ќерка!’ И нека ја распрострат облеката пред градските старешини.