Втзакон. (5 Moj.) 22:15-21 MKB

15 тогаш таткото и мајката на девојката нека го земат доказот на девственоста на девојката, па нека го изнесат пред градските старешини при вратата.

16 Потоа таткото на девојката нека им проговори на градските старешини: ‘На овој човек му ја дадов ќерка си за жена, ама ја замрази.

17 Затоа и припишува сè што е грдо и тврди: „Не ги најдов во твојата ќерка белезите на девственоста.” Но еве ги девствените знаци на мојата ќерка!’ И нека ја распрострат облеката пред градските старешини.

18 Тогаш старешините на оној град нека го земат мажот и нека го казнат;

19 затоа што раширил лош глас за една израелска девица, нека го казнат со глоба од стотина сребреници па нека му ги дадат на таткото на младата жена. И таа нека му биде и натаму жена, да не може да ја отпушти додека е жив.”

20 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина,

21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.