Втзакон. (5 Moj.) 22:21-27 MKB

21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.

22 Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена - нека бидат погубени. Така ќе го откорнеш злото од Израел.

23 Ако млада девица, верена за некого во градот, ја сретне друг човек и легне со неа,

24 доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.

25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;

26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.

27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.