25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;
26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.
27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.
28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,
29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
30 Нека никој не се жени со жената на својот татко и нека не ја открива татковата покривка.”