Втзакон. (5 Moj.) 22:3-9 MKB

3 Така прави со неговото осле, и со неговата наметка, и со сè што ќе изгуби твојот брат, а ти ќе го најдеш. Не ти е дозволено да поминуваш покрај неговото.

4 Кога забележиш дека ослето на твојот брат или неговиот вол паднале на патот, не отстранувај се, но помогни му да ги дигне.”

5 „Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.

6 Ако патем наидеш на птичјо гнездо, со птиченца или со јајца, на дрво или на земјата, а мајката лежи врз птиченцата или на јајцата, не земај ја мајката со пилињата:

7 пушти ја мајката на слобода, а земи ги пилињата. Така ќе имаш среќа и долг живот.

8 Кога градиш нова куќа, направи ограда на покривот, за да не ја извалкаш со крв својата куќа, кога некој би паднал од неа.

9 Не сеј разни семиња во своето лозје, за да не биде изгубен целиот едногодишен приход; и плодот на семето и родот на лозјето.