5 „Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.
6 Ако патем наидеш на птичјо гнездо, со птиченца или со јајца, на дрво или на земјата, а мајката лежи врз птиченцата или на јајцата, не земај ја мајката со пилињата:
7 пушти ја мајката на слобода, а земи ги пилињата. Така ќе имаш среќа и долг живот.
8 Кога градиш нова куќа, направи ограда на покривот, за да не ја извалкаш со крв својата куќа, кога некој би паднал од неа.
9 Не сеј разни семиња во своето лозје, за да не биде изгубен целиот едногодишен приход; и плодот на семето и родот на лозјето.
10 Не впрегнувај во плуг заедно вол и осле.
11 Не облекувај се во ткаенина исткана заедно од волна и лен.