Втзакон. (5 Moj.) 23:13-19 MKB

13 Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота.

14 Та Господ, твојот Бог, оди низ средината на твојот логор за да те штити и за да ти ги предаде твоите непријатели. Затоа и твојот логор треба да биде свет. Нека Господ не забележи ништо нечисто во тебе, за да не се одврати од тебе.”

15 „Не смееш да му го предадеш на господарот робот, кој пребегал при тебе.

16 Нека престојува со тебе во твојата средина, во местото што ќе го избере во еден од твоите градови, каде ќе му се допадне.

17 Нека нема светилишна блудница меѓу Израелевите ќерки и нека нема светилишен блудник (содомист) меѓу Израелевите синови!

18 Не донесувај во Господовиот дом, ниту за каков завет, блудничина плата, ниту кучешки сребреници, зашто двете му се одвратни на Господа, твојот Бог.

19 Не барај лихва од својот брат ниту лихва за сребреници, ниту лихва за храна, ниту лихва на што и да е, каде обично се бара.