22 Ако не се заветуваш, нема да имаш грев.
23 Но исполни го она што ќе помине преку твоите усни, завет што му го обрече слободно со своите усни на Господа, својот Бог.
24 Ако влезеш во лозјето на својот сосед, слободно ти е да јадеш грозје колку што сакаш, но не смееш да ставаш во својот сад.
25 Ако влезеш во житото на својот сосед, можеш да кинеш класје со раката, но не смееш да принесуваш срп до житото на својот ближен.”