10 Кога на својот ближен му даваш каков и да е заем, не влегувај во неговата куќа за да му земеш залог.
11 Стој надвор, а човекот кому си му дал заем нека ти го изнесе залогот надвор.
12 А ако е тој сиромав, не легнувај со неговиот залог;
13 при зајдисонце треба да му го вратиш залогот, за да може тој да спие во својата наметка и да те благословува тебе. Тоа ќе ти биде добро дело пред Господа, твојот Бог.
14 Не го онеправдувај јадниот и бедниот наемник, било да е тој твој сонародник или придојденик од некој град во твојата земја.
15 Секој ден давај му ја заработката пред зајдисонце, зашто е беден и воздивнува по неа. Така не ќе извика против тебе кон Господа, и не ќе согреши.
16 Нека не се осудуваат на смрт татковците заради синовите ниту синовите заради татковците; нека секој гине заради својот грев.