Втзакон. (5 Moj.) 24:16-22 MKB

16 Нека не се осудуваат на смрт татковците заради синовите ниту синовите заради татковците; нека секој гине заради својот грев.

17 Не ја извртувај правдата на придојденикот ни на сирачето, и не земај ја во залог облеката на вдовицата.

18 Спомни си дека беше робје во Египет, и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, затоа ти налагам да ја вршиш оваа заповед.

19 Кога жниеш жито на својата нива па заборавиш некој сноп на нивата, не се враќај по него; нека остане на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во секој потфат на твоите раце.

20 Кога еднаш ќе ги исчукаш своите маслинки, не пребарувај веќе зад себе; нека им остане тоа на туѓинецот, на сирачето и на вдовицата.

21 Кога ќе го обереш своето лозје, не дособерувај го зад себе; нека им биде тоа на придојденикот, на сирачето и на вдовицата.

22 Спомни си како беше роб во Египетската Земја; затоа ти заповедам да ја вршиш оваа повелба.”