Втзакон. (5 Moj.) 24:5-11 MKB

5 Ако некој штотуку се оженил, нека не оди во војската; нека не му се доделува никаква служба, туку ослободен, нека остане дома една година, за да ја развеселува жената што ја довел.

6 Нека не се зема во залог мелница, ни горниот ни долниот дел; па со тоа би бил земен во залог самиот живот.

7 Ако се најде некој да грабне некого од своите браќа Израелци па постапува со него како со роб или ако го продаде, тој грабнувач нека биде погубен! Така ќе го откорнеш злото од својата средина.

8 Ако се појави лепрата, внимавај да пазиш и вршиш грижливо сè она што ќе ве поучат левитските свештеници. Пазете и вршете го тоа што им наредувам ним.

9 Спомнувај си што и стори Господ, твојот Бог, на Маријам на патот, кога излеговте од Египет.

10 Кога на својот ближен му даваш каков и да е заем, не влегувај во неговата куќа за да му земеш залог.

11 Стој надвор, а човекот кому си му дал заем нека ти го изнесе залогот надвор.