8 Ако се појави лепрата, внимавај да пазиш и вршиш грижливо сè она што ќе ве поучат левитските свештеници. Пазете и вршете го тоа што им наредувам ним.
9 Спомнувај си што и стори Господ, твојот Бог, на Маријам на патот, кога излеговте од Египет.
10 Кога на својот ближен му даваш каков и да е заем, не влегувај во неговата куќа за да му земеш залог.
11 Стој надвор, а човекот кому си му дал заем нека ти го изнесе залогот надвор.
12 А ако е тој сиромав, не легнувај со неговиот залог;
13 при зајдисонце треба да му го вратиш залогот, за да може тој да спие во својата наметка и да те благословува тебе. Тоа ќе ти биде добро дело пред Господа, твојот Бог.
14 Не го онеправдувај јадниот и бедниот наемник, било да е тој твој сонародник или придојденик од некој град во твојата земја.