16 Па на Господа на твојот Бог, му е одвратен оној кој го прави тоа, кој прави неправда.
17 Спомни си за она што ти направи Амалик додека бевте на пат, откако излеговте од Египет;
18 како те пречека на патот и ги истепа во твојата заднина сите немоќни, кога беше уморен и исцрпен, зашто не се боеше од Бога.
19 И затоа, кога Господ, твојот Бог, те смири од сите твои непријатели наоколу во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, избриши го под небото споменот на Амалика. Не заборавај!”