Втзакон. (5 Moj.) 25:3-9 MKB

3 Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари.

4 Не заврзувај му ја устата на волот кога врши.

5 Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.

6 А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел.

7 Ако, меѓутоа, човекот не сака да се ожени со својата снаа, тогаш неговата снаа нека дојде при вратата пред старешините и рече: ‘Мојот девер не сака да го запази името на својот брат во Израел; не сака да ми ја исполни деверската должност.’

8 Старешините на неговиот град нека го повикаат и нека го прашаат. Ако биде упорен и рече: ‘Не сакам да се женам со неа,’

9 неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’