Втзакон. (5 Moj.) 25:4-10 MKB

4 Не заврзувај му ја устата на волот кога врши.

5 Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.

6 А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел.

7 Ако, меѓутоа, човекот не сака да се ожени со својата снаа, тогаш неговата снаа нека дојде при вратата пред старешините и рече: ‘Мојот девер не сака да го запази името на својот брат во Израел; не сака да ми ја исполни деверската должност.’

8 Старешините на неговиот град нека го повикаат и нека го прашаат. Ако биде упорен и рече: ‘Не сакам да се женам со неа,’

9 неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’

10 Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.”