6 А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел.
7 Ако, меѓутоа, човекот не сака да се ожени со својата снаа, тогаш неговата снаа нека дојде при вратата пред старешините и рече: ‘Мојот девер не сака да го запази името на својот брат во Израел; не сака да ми ја исполни деверската должност.’
8 Старешините на неговиот град нека го повикаат и нека го прашаат. Ако биде упорен и рече: ‘Не сакам да се женам со неа,’
9 неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’
10 Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.”
11 Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член,
12 отсечи и ја раката, и нека не ја сожалува твоето око.