9 неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’
10 Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.”
11 Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член,
12 отсечи и ја раката, и нека не ја сожалува твоето око.
13 Не носи двоен тег во торбата, поголем и помал.
14 Во својата куќа пак не држи двојна ефа: поголема и помала.
15 Тегот нека ти е потполн и точен, и ефата нека ти е потполна и точна, за да живееш долго во земјата која ти ја дава Господ, твојот Бог.