Втзакон. (5 Moj.) 28:14-20 MKB

14 Немој да отстапуваш ниту од еден збор што ви го наложувам денес - ни десно ни лево, одејќи по други богови и искажувајќи им почитување.”

15 „Но ако не го слушаш гласот на Господа, својот Бог, не пазејќи и не извршувајќи ги Неговите заповеди и сите Негови закони што ти ги наредувам денес, сите овие проклетства ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат:

16 Проклет ќе бидеш во градот, проклет во полето.

17 Проклет ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.

18 Проклет ќе биде плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, младите на твоите говеда и прирастот на твоите стада.

19 Проклет ќе бидеш кога ќе влегуваш, проклет кога ќе излегуваш.

20 Господ ќе пушта на тебе проклетство, забуна и клетва во сè кон што ќе ја испружиш својата рака за да направиш, сè додека не бидеш сотрен и не пропаднеш брзо заради злото на своите дела, со кои Ме напушти.