Втзакон. (5 Moj.) 28:28-34 MKB

28 Господ ќе те удри со беснило, со слепота и со лудило;

29 на сред бел ден ќе талкаш како што талка слепиот во мрак; не ќе имаш успеси во своите потфати; во сето време ќе бидеш притискан и ограбуван, а не ќе има никој за да те спаси.

30 Ќе се ожениш за жена, но друг ќе ја има. Ќе изградиш куќа, но не ќе живееш во неа. Ќе засадуваш лозје, но нема да го береш.

31 Ќе го заколат твојот вол пред твои очи, но ти нема да јадеш од него; ќе ти го одземат твоето осле пред тебе, но нема да ти го вратат; ќе му го предаваат твоето стадо на твоите непријатели, а не ќе има никој за да ти дојде напомош.

32 Твоите синови и твоите ќерки ќе му бидат предавани на друг народ. Твоите очи ќе солзат секој ден, но твојата рака не ќе може ништо.

33 Народ, што ти не го познаваш, ќе го јаде плодот на твојата земја и сета твоја мака, додека ти ќе бидеш, во сето време, притискуван и газен.

34 Ќе полудиш од глетките што ќе ти гледаат твоите очи.