Втзакон. (5 Moj.) 28:32-38 MKB

32 Твоите синови и твоите ќерки ќе му бидат предавани на друг народ. Твоите очи ќе солзат секој ден, но твојата рака не ќе може ништо.

33 Народ, што ти не го познаваш, ќе го јаде плодот на твојата земја и сета твоја мака, додека ти ќе бидеш, во сето време, притискуван и газен.

34 Ќе полудиш од глетките што ќе ти гледаат твоите очи.

35 Господ ќе те удри со лути приштови, по колениците и по бедрата - од стапалата на твоите нозе до темето на твојата глава - од кои не ќе можеш да се излекуваш.

36 Господ ќе ве одведе и тебе и твојот цар, кого ќе го поставиш над себе си, меѓу народ непознат и тебе и на твоите очи, па таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.

37 Ќе им бидеш за чудење, за пословица и за потсмев на сите народи, меѓу кои ќе те одведе Господ.

38 Многу семе ќе фрлаш во полето, ама малку ќе жнееш, зашто родот ќе го оголат скакулците.