Втзакон. (5 Moj.) 28:44-50 MKB

44 Тој ќе ти дава на заем, а не ти нему; тој ќе биде глава а ти опашка.

45 Сите овие проклетства ќе те снајдат, ќе те гонат и ќе те достигнат додека не те уништат, зашто не го слушаше гласот на Господа, својот Бог, ниту ги пазеше Неговите заповеди и закони, што ти ги даде.

46 Тие ќе ви служат за чудесен знак тебе, и на твоето потомство засекогаш.

47 Бидејќи не сакаше да му служиш на Бога, својот Бог, со весело и радосно срце заради изобилството на сè

48 ќе му служиш на својот непријател, кого Господ ќе го испрати против тебе, во глад, во жед, во голота и во секаква скудност. На твојот врат ќе навали јарем од железо, така што ќе те измачува!

49 Господ ќе доведе од далечина, од крајот на земјата, против тебе народ, што ќе слета како орел. Тоа ќе биде народ чиј јазик не ќе го разбираш;

50 бездушен народ, кој не ќе пројавува обѕир кон старите ниту ќе се смилува кон младите.