Втзакон. (5 Moj.) 28:51-57 MKB

51 Тој ќе ти ги јаде: младите од твојот добиток и плодот на твојата земја додека не те уништи; не ќе ти остава ни жито, ни вино, ни масло, ни теле од крава, ни прираст од стадата, додека не те упропасти.

52 Ќе те опсадува во сите твои градови ширум низ земјата додека не ги разурне високите и утврдените ѕидови на кои што си се надевал; ќе те опсадат во сите твои градови ширум низ земјата, што ти ја даде Господ, твојот Бог.

53 Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.

54 Човекот, најнежниот и најмекиот сред тебе, ќе гледа со злобно око на својот брат, на жената во својата прегратка и на своите деца што му останаа,

55 не сакајќи ниту со еден од нив да го дели месото на своите синови, што ќе го јаде, зашто заради притеснувањето и јадот, со кои твојот непријател, ќе те притиска по сите твои градови, друго не ќе му останува.

56 И жената, најнежна и најмека што ќе биде сред тебе - толку нежна и воздржана што не се осмелува да ги спушти стапалата на земја - ќе гледа со злобно око на мажот во својата прегратка, и на својот син, и на својата ќерка,

57 и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.