Втзакон. (5 Moj.) 28:57-63 MKB

57 и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.

58 Ако не ги пазиш и не ги вршиш зборовите на овој Закон, што се напишани во оваа книга, не почитувајќи го ова славно и страшно Име - Господа, својот Бог -

59 Господ ќе ве шибне тешко, тебе и твоето потомство, со големи и долготрајни бичеви, со погубувачки и долги болести.

60 Ќе ги пушти на тебе сите египетски зла, од кои се плашеше, и тие ќе се прилепат до тебе.

61 А и секоја друга болест и бич, кои не се наведени во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе ги пушта на тебе додека не те уништи.

62 Ќе останете само малку од вас што бевте многубројни како небеските ѕвезди, а сè заради тоа што не го слушаше гласот на Господа, својот Бог.

63 Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.