1 Тоа се зборовите на Заветот што Господ му го пропиша на Мојсеја за да го склучи со Израелците во Моавската Земја, освен Заветот што го склучи со нив на Хорив.
2 Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Видовте пред свои очи, сè што им стори Господ, во Египетската Земја, на фараонот, на сите негови службеници и на целата негова земја:
3 големите искушенија што ги видоа твоите очи, силните знаци и чудеса!
4 Ама Господ не ви даде до денес разум за да сфатите, очи за да гледате, ни уши за да слушате.
5 Ве водев низ пустината четириесет години; облеката на вас не се искина ниту обувките на вашите нозе се скинаа.
6 Леб не јадовте; вино ни друг опоен пијалак не пиевте, за да би сте знаеле дека Јас Сум Господ, ваш Бог.
7 Кога стигнавте на ова место, Сихон, царот есевонски, и Ог, царот васански, излегоа пред нас на бој, ама ги поразивме.