Втзакон. (5 Moj.) 29:12-18 MKB

12 за да стапите во Завет со Господа, својот Бог, во Завет, потврден со заклетва, што Господ, твојот Бог, го склучува денес со тебе,

13 за да направи денес од тебе Свој народ, и Тој да ти биде Бог, како што ти рече и како што им се заколна на твоите татковци: на Авраама, Исака и Јакова.

14 И не го склучувам денес овој Завет со заклетва само со вас,

15 туку и со секој, кој стои денес тука со нас пред Господа, нашиот Бог, и со секој, кој не е денес тука со нас.”

16 „Самите знаете како престојувавме во Египетската Земја и како поминавме среде народите низ кои требаше да пропатуваме.

17 Ги видовме: нивните расипаности, нивните идоли од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа.

18 Нека нема меѓу вас маж ни жена, род ни племе, чие срце би се одвратило од Господа, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи. Нека нема меѓу вас корен што ќе раѓа отров и пелин.