Втзакон. (5 Moj.) 29:22-28 MKB

22 Идното поколение, вашите синови по вас, и странците кои ќе дојдат од далечни земји, кога ќе ги видат лошотиите на оваа земја и болестите, што Господ ќе ги пушти на неа, ќе речат:

23 ‘Сета негова земја е само сулфур и сол; ниту се сее нешто ниту никнува нешто; никаква тревка не расте на неа; еднаква е на разурнатиот Содом и Гомор, Адма и Севоим, што Господ ги разурна во Својата лутина и гнев.’

24 И сите народи ќе се прашуваат: ‘Зошто Господ и направи вака на оваа земја? Каква ли беше жестокоста на тој силен гнев?’

25 Тогаш ќе им се рече: ‘Зашто го оставија Заветот што Господ, Бог на нивните татковци, го склучи со нив кога ги изведе од Египетската Земја;

26 и бидејќи отидоа да им служат на други богови и им се клањаа ним, на боговите кои не ги познаваа и кои Тој не им ги одреди.

27 Затоа Господовиот гнев се излеа на оваа земја, и на неа падна сето проклетство запишано во овој книжен свиток.

28 Господ ги откорна од нивната земја во лутина, во расрденост и во голем гнев, па ги фрли во друга земја. Така е и денес.’