25 Тогаш ќе им се рече: ‘Зашто го оставија Заветот што Господ, Бог на нивните татковци, го склучи со нив кога ги изведе од Египетската Земја;
26 и бидејќи отидоа да им служат на други богови и им се клањаа ним, на боговите кои не ги познаваа и кои Тој не им ги одреди.
27 Затоа Господовиот гнев се излеа на оваа земја, и на неа падна сето проклетство запишано во овој книжен свиток.
28 Господ ги откорна од нивната земја во лутина, во расрденост и во голем гнев, па ги фрли во друга земја. Така е и денес.’
29 Што е скриено, Му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а објавата нам и на нашите синови засекогаш, за да ги вршиме зборовите на овој Закон.”