Втзакон. (5 Moj.) 3:20-26 MKB

20 додека Господ не им даде мирен престој и на вашите браќа како и вам; така што и тие да ја заземат земјата што Господ, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Па тогаш секој од вас нека се врати на недвижниот имот што ви го доделив.’

21 Во она време му наредив на Исуса: ‘Со своите очи виде што им стори Господ, вашиот Бог, на оние двајца цареви. Така ќе направи Господ со сите царства, преку кои ќе поминуваш.

22 Не плашете се од нив! Па Господ, вашиот Бог, се бори за вас.’”

23 ‘Тогаш замолив милост од Господа:

24 ‘Боже мој, Господи. Ти почна да му ги покажуваш на својот слуга Своето величество и Својата сила. Па кој бог, на небото или на земјата, може да направи такви дела и чудеса какви што се Твоите!

25 Дозволи ми да отидам онаму и да ја погледам онаа Блажена Земја преку Јордан, оној убав горски крај и Ливан!’

26 Ама Господ, заради вас, беше лут на мене, и не ме послуша. ‘Доста - ми рече Господ - не ми зборувај веќе за тоа!