26 Ама Господ, заради вас, беше лут на мене, и не ме послуша. ‘Доста - ми рече Господ - не ми зборувај веќе за тоа!
27 Искачи се на врвот Фасга и насочи ги своите очи кон запад, север, југ и исток. Разгледај добро со своите очи, зашто нема да поминеш преку Јордан.
28 Упати го Исуса, зајакни го и охрабри го! Тој нека оди на чело на овој народ; тој нека ги воведе во наследство на земјата што ја гледаш.’
29 Така останавме во таа долина покрај Вет-Фегор.”