4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не им го одзедовме - шеесет градови, поточно целата арговска покраина, Оговото Царство во Васан.
5 Сите оние градови беа утврдени со високи ѕидови, врати и лостови. Покрај нив имаше мошне многу и отворени селца.
6 Ги предадовме на проклетство - како што направивме и со Сион, есевонскиот цар - сотирајќи го секој град со мажите, жените и децата.
7 А сиот добиток и пленот ги задржавме за себе.
8 Така во тоа време ја зедовме, од рацете на двајцата аморејски цареви, земјата што се наоѓа отаде Јордан, од потокот Арнон до гората Ермон (
9 Сидонците го наречуваат Ермон-Сирион, а Аморејците го викаат Сенир):
10 сите градови на висорамништето, сиот Галад и сиот Васан, сè до Салха и Едреи - градови на Оговото Царство во Васан.