Втзакон. (5 Moj.) 3:9-15 MKB

9 Сидонците го наречуваат Ермон-Сирион, а Аморејците го викаат Сенир):

10 сите градови на висорамништето, сиот Галад и сиот Васан, сè до Салха и Едреи - градови на Оговото Царство во Васан.

11 Васанскиот цар Ог е единствен од останатите Рефаимовци.” (Неговото легло, од железо, уште се наоѓа во Рава, во градот на Амоновите синови: десет лакти - обични лакти - е долг, а четири лакти широк, машки лакти.)

12 „И така, тоа е земјата што ја зазедовме во она време, почнувајќи од Ароир, што е покрај потокот Арнон. Половината од Галадското Подгорје со неговите градови им ја дадов на Рувимовците и Гадовците.

13 Остатокот од Галад и сиот Васан, Оговото Царство, им го доделив на половината Манасиево племе. (Сета Арговска Краина и сиот Васан се викаат Рефаимска Земја.

14 Манасиевиот син Јаир ја зазеде сета Арговска Покраина до меѓата на Гесурците и Махатците. Тој ги нарече тие села со своето име, па уште и денес се викаат Авот-Јаир, Јаирови Села.)

15 На Махир му го дадов Галад.