1 „Кога сите овие зборови, благословот и проклетството што денес ги ставам пред тебе, те снајдат, а ти ги земеш при срце среде сите народи меѓу кои Господ, твојот Бог, ќе те протера,
2 и се обрнеш кон Господа, својот Бог, и го послушаш - и ти и твоите синови - Неговиот глас од сето свое срце и од сета своја душа во сè што денес ти наредив,
3 тогаш Господ, твојот Бог, ќе ги врати твоите заробеници; ќе се смилува на тебе и пак ќе те собере од сите народи меѓу кои те протерал Господ, твојот Бог.
4 И до крајот на небесата ако бидеш отфрлен, Господ твојот Бог ќе те собере оттаму, и ќе те земе оттаму.
5 Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата, која ја имаа во сопственост твоите татковци, за да ја завладееш ти; ќе те направам посреќен и поброен од твоите татковци.